Што се крие зад тантрумот ?

Тантрумот не е пркосење,
во позадина се крие незрел нервен систем што не умее да ја регулира доживеаната емоција. Кај малите деца (1,5–4 години) тантрумот е развоен и очекуван, затоа што мозочето на детето е сеуште неразвиено за контролирање на импулси и фрустрации.
Нормален е кога:
– е краткотраен (5–10 минути),
– завршува кога се смируваат емоциите,
– детето после него се враќа во нормално функционирање.
Опасен е кога:
– е премногу чест, долготраен или придружен со самоповредување,
– се јавува после 5–6 години со ист интензитет
– детето не може да се смири ни по интервенција на возрасниот,
– е придружен со регресивно/ екстернализирачко однесување по што следат бурни осцилации на план на расположение
Тантрумот е повик за помош, најмалку за казна!

