Нашите специјалности
Се фокусираме на индивидуален пристап и поддршка приспособена на потребите на секое дете, адолесцент и семејство. Создаваме безбедна средина во која можат да се чувствуваат разбрани и прифатени, а низ процесот заедно градиме вештини, стабилност и сигурност за здрав раст и развој.
Семејно и системско советување
(советување, целокупен семеен систем, родители, дете…)
Нарушувања на однесување и емоции во детството и адолесценцијата
Нарушувања во исхраната
(анорексија, булимија, компулсивно прејадување, ARFID...)
Афективни растројства
OCD (опсесивно компулсивно растројство)
Невротски стрес и соматоформни растројства
Нарушувања на психолокиот развој
Нарушувања на личност и однесување кај возрасни
(релевантни за доцна адолесценција)
Шизофренија и психотични растројства
Интелектуални пречки во развој
Психички и бихејвиорални нарушувања поради употреба на психоактивни супстанции

Едукации и обуки за компании
Покрај индивидуалната работа, организираме едукации за HR тимови и обуки за вработени, насочени кон менталното здравје, справувањето со стресот и благосостојбата на работното место. Членовите на нашиот тим имаат индивидуално искуство во спроведување обуки на различни тематики за Телеком, УСЈЕ, Семос клауд, Интертек и општините Аеродром и Карпош.
Д-р Симеонова работи со интегриран пристап, комбинирајќи Psychosexual and Relationship Therapy (Postgraduate Certification from London) и принципи од EFT, за подобрување на партнерските односи и емоционалната поврзаност
