Добредојдовте во ОриКами
Простор создаден за да се чувствувате безбедно, прифатено и разбрано.
Закажете средбаЗаедно за секое дете и семејство
Д-р Камелија Симеонова и Д-р Властела Парталоска-Даневски · Детски и адолесцентни психијатри
Заедно создаваме простор за растење. За детето. За семејството.

Кога сме изложени на негативно искуство, не реагираме според нашата актуелна возраст, туку според возраста кога за прв пат сме се соочиле со слична болка.
Советување на деца, адолесценти и родители
- •Емоционална и бихејвиорална поддршка за деца, тинејџери и семејства
- •Насоки за предизвици поврзани со училиштето или развој
- •Поддршка за родителите за да им помогнат на децата да напредуваат
Психијатриска евалуација и дијагноза
- •Сеопфатна проценка на менталното здравје
- •Персонализирано планирање на третман
- •Тековно следење и поддршка
Нашиот пристап
Се фокусираме на индивидуален пристап и поддршка приспособена на потребите на секое дете, адолесцент и семејство. Создаваме безбедна средина во која можат да се чувствуваат разбрани и прифатени, а низ процесот заедно градиме вештини, стабилност и сигурност за здрав раст и развој.

Прва консултација
Ги разбериме проблемите и целите на детето, адолесцентот и семејството
Индивидуален план
Структуриран, индивидуализиран план заснован на вашите цели.
Тековна поддршка
Редовни сесии за следење на напредокот и насоки

Како помага семејниот и системскиот пристап
- Го разгледува проблемот во контекст на целото семејство, не само на поединецот кој пројавува одреден симптом.
- Помага да се подобри комуникацијата и да се намали реактивноста во семејниот систем
- Помага во идентификување на дисфункцијата и помага да се воспостават нови обрасци на однесување кои не би го попречиле секојдневното функционирање.

Во кои ситуации помага семеен и системски советник?
- Во секојдневните животни случувања односно:
- Адаптација при поаѓање во градинка или училиште
- Промени во семејството: нов член во семејството, преселба, нови улоги
- Конфликти меѓу браќа и сестри /генерациски разлики
- Потешкотии во комуникацијата и недоразбирања од различен карактер
- Чести кавги и покачена тензија во односите
- Предизвици во однесување или емоционални реакции кај деца и тинејџери
- Стрес, исцрпеност и емоционална нестабилност кај родители или партнери
- Кризa во партнерството/дистанца
- Развод, разделба и реорганизација на семејниот систем
- Загуба, траума, болест или несреќи што го менуваат семејниот баланс
КОЈ СУМ ЈАС?
Прашањето што ги обликува тинеџерските години
Нова книга од Д-р К.Симеонова
Обезбедете го вашиот примерок и доживејте ги идеите, приказните и визуелниот израз на Ориками.
Нарачај тука
Поддршка за деца и тинејџери активно вклучени во спорт
Активна работа со деца и млади спортисти за подобрување на психолошката стабилност, фокусот и емоционалната регулација, со посебен акцент на надминување на анксиозноста при настап, стресот и притисокот од тренерите или натпреварите.
- Зголемување на концентрацијата и менталната издржливост
- Намалување на стравот од грешки и блокадите при настап
- Градење самодоверба и спортска мотивација
- Подобрување на дисциплината, рутината и менталната подготовка
- Ментална поддршка по повреди, паузи или пад во формата
- Стабилизирање на односот родител–тренер–дете
- Превенција на прегорување и претерани очекувања
Тука сме за вас!
Ако имате прашања или сакате да закажете прва сесија, тука сме за да ви помогнеме. Секое дете и секоја фамилија заслужуваат безбедна и поддржувачка средина.

Совети
Види ги ситеМедиа Галерија
Види ги сите
Д-р Камелија Симеонова: Водич за родители ,,Оригами"

Фактор здравје - Анорексија - Булимија

Добриот доктор со д-р Камелија Симеонова

Добриот доктор: Анксиозност кај децата и младите– д-р Камелија Симеонова





