Нашиот тим

Нашиот тим е составен од психијатри и психолози, под водство на д-р Камелија Симеонова, детски и адолесцентен психијатар и авторка на книгата „Оригами“.

Едукации и обуки за компании
Покрај индивидуалната работа, организираме едукации за HR тимови и обуки за вработени, насочени кон менталното здравје, справувањето со стресот и благосостојбата на работното место. Членовите на нашиот тим имаат индивидуално искуство во спроведување обуки на различни тематики за Телеком, УСЈЕ, Семос клауд, Интертек и општините Аеродром и Карпош.

Д-р Камелија Симеонова
Детски и адолесцентен психијатар · Семеен и системски советник · Основач на ОриКами
Д-р Камелија Симеонова е специјалист по детска и адолесцентна психијатрија и докторантка во завршна фаза на докторските студии. Таа е основач на ОриКами – центар за психолошко советување, со цел да им помогне на семејствата да останат поврзани, стабилни и свесни во процесот на растење и промена.
Медицинскиот факултет и специјализацијата ги заврши на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а работеше на Клиниката за психијатрија во Скопје и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Таа е сертифициран семеен и системски советник (Институт „Алтернатива“, акредитиран од EFTA/EAP), со дополнителни обуки за Cognitive Behavioral Therapy (CBT), Dialectical Behavior Therapy (DBT) и Self-Injury Training на Институтот „Бек“ во САД.
Назначена е за асистент во наставно-научната област Психијатрија на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Д-р Властела Парталоска-Даневски
Детски и адолесцентен психијатар · Двегодишна едукација по семејна и системска психотерапија
Д-р Властела Парталоска-Даневски е специјалист по детска и адолесцентна психијатрија со повеќе од осум години искуство во клиничката пракса, академската настава и меѓународните истражувања. Нејзиниот фокус се невроразвојните нарушувања како ADHD и аутистичниот спектар, нарушувањата на расположението и психозите кај младите, психофармакологијата и семејната и системската психотерапија.
Медицинскиот факултет го заврши во Скопје, а специјализацијата по детска и адолесцентна психијатрија на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје, каде што потоа работеше како детски и адолесцентен психијатар. Заврши двегодишна едукација по семејна и системска психотерапија на Институтот „Алтернатива“, а како асистент на Медицинскиот факултет во Скопје предаваше и ги супервизираше студентите по медицина и специјализантите по психијатрија.
Беше членка на Националниот управувачки комитет при Министерството за здравство, кој го изработи Националниот десетгодишен план за ментално здравје на деца и адолесценти, и учествуваше во проектот Horizon 2020 RISE, финансиран од ЕУ, за превенција на проблемите со менталното здравје кај децата во Источна Европа.
Работи на македонски, англиски, германски и српски јазик.

Емилија Лазаревска
Психолог
Емилија Лазаревска е дипломиран психолог од Институтот за психологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е дел од тимот на ОриКами како психолог, каде што присуствува на сесиите, води евиденција и учествува во дискусиите при евалуацијата.
Нејзин интерес е примената на психолошките принципи во праксата, научните истражувања и психотерапијата. Има познавања од планирање и спроведување психолошки истражувања, статистичка обработка на податоци, интерпретација на прашалници и набљудување и документирање на однесувањето.
Завршила едукација „Identifying Early Signs of Psychosis in Adolescents and Young Adults“ при Stanford Center for Continuing Medical Education. Активно се вклучува во иницијативи за ментално здравје како членка на ПСА „Психеско“ и учесничка во проектот „Mind the Mind – Combat the Stigma of Mental Disorders“ (2024).
Работи на македонски и англиски јазик.
Закажете консултација
Доколку сте загрижени за однесувањето, емоциите или развојот на вашето дете, нашиот тим е тука да ве сослуша и насочи. Контактирајте нè за да закажете прва средба.

